656
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска одговарајќи на новинарско прашање зошто ДУИ не е вклучена во преговорите за влез во Владата на Алтернатива, туку тоа го прави СДСМ, рече дека преговорите се водат заедно.
-Тие разговори се заеднички, но во име на сите коалициони партнери ги спроведува премиерот. Ние имаме разговори, но конкретните детали во однос на програмата на Владата ги пренесува премиерот, се разбира во координација со нас.