Северна Македонија, нашите тимови во Скопје и во Виена ќе бидат целосно посветени на мисијата. Со искрена посветеност и чувство на одговорност почестени сме и горди што ќе бидеме на кормилото на ОБСЕ во 2023 и што ќе бидеме чувари на нашите вредности и обврски. Вредностите на ОБСЕ денеска се поважни од кога и да било, изјави денеска во Виена шефот на дипломатијата, Бујар Османи во улога на претседавач на ОБСЕ на заедничката прес-конференција со генералната секретарка на организацијата, Хелга Марија Шмид.
-Најголемиот предизвик во имплементацијата на нашата агенда ќе биде во контекст на тешките околности, но единството околу принципите и заложбите на ОБСЕ се изворот на надеж и охрабрување. Руската воена агресија врз Украина, која ги урива самите основи и заложби на Организацијата, го зајакнува ова единство. Денес, се чини дека нашите вредности се поважни од кога било. Актуелните предизвици не се причина за дефетизам, туку поттик за засилување на нашите напори и ангажман, истакна Османи.