364
Околу 15.000 активисти на ДУИ одат од врата до врата да ги убедат граѓаните на претстојните избори да ја дадат поддршката за нашата платформа, која се состои од економска еднаквост, конзензуално одлучување и целосна двојазичност, изјави портпаролот на ДУИ Бујар Османи.
-Ова не се почетни точки за преговори за составување на идната влада, туку услови без кои не се може – рече Османи.