Османи: ДУИ сака влада без функционери осомничени од СЈО

by fokus

Доколку се договорат за нова коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ ќе инсиситира функционерите кои се под истра на СЈО да не бидат дел од извршната власт.

-Без прифаќање на платформата на трите албански партии за статусот на Албанците во Македонија и без јасна определба за евроинтеграциите, тешко би се направила влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Исто така, се настојува во неа да не влезат функционерите кои се под истрага“, порача портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, вчера во емисијата „200“ на телевизијата „Алсат-М“.ѓ

Османи порача и дека не е иклучено принципот „победник со победник” да биде заобиколен овојпат, иако претходно рече дека почитувањето на тој принцип било многу важно.

Инаку, ДУИ утревечер, кога треба да се состане Централното претседателство на партијата ќе одлучи дали ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ. Мандаторот Никола Груевски има рок од уште три дена за да состави влада.

Поврзани новости