Османи: Доколку сега не се реши спорот меѓу Скопје и Софија, би можел да прерасне во „замрзнат конфликт“

by Fokus

Сега е вистински момент за решавање на отворените прашања меѓу Бугарија и Македонија, доколку тоа не се случи во блиска иднина спорот би можел да прерасне во „замрзнат конфликт“, изјави во интервју за бугарската телевизија БТВ шефот на дипломатијата Бујар Османи.

– Мислам дека во иднина ќе има се помалку сила и енергија и храброст кај кој било политичар храбро да се занимава со оваа тема. Затоа се плашам дека за месец-два ова ќе се претвори во замрзнат конфликт кој ќе трае со години, со сите последици што ќе произлезат од нашите односи, нашата внатрешна политика и можностите за регионот. Убеден сум дека во втората половина од оваа година нема да ја имаме истата сила да бидеме целосно посветени, со сета енергија на власта, за решавање на ова прашање, како што тоа го правиме сега, вели Османи.

Според него, доколку се пропушти оваа шанса, ќе се продолжи со конструктивна работа на оваа тема, но нагласува и дека во тој случај Владата ќе треба да се занимава и со други прашања во нашата држава.

Министерот Османи во интервјуто за БТВ се осврнува и на настанот во Битола на отворањето на клубот на бугарското здружение „Ванчо Михајлов“. Тој на прашањето дали поради името на клубот во Битола и реакциите во јавноста се нарушиле односите меѓу двете земји, вели дека е забележан пад на довербата, оценувајќи дека треба да се работи на тоа таа повторно да се врати.

– Кога ќе влезете во бугарскиот клуб во Битола, на главниот влез има голема табла со цитат од Ванчо Михајлов, на која пишува: „Залудни се напорите на таканаречениот македонски народ да го лаже светот“. Ова е голема навреда за нашите граѓани, ова е голема навреда за луѓето што ги застапувам. Ова кај нас се смета за провокација, изјави Османи во интервјуто.

Поврзани новости