Заев му честиташе на Макрон: En Marchе! En route!

by fokus

Поранешниот премиер Зоран Заев денеска од трибина од Струмица организирана од Амбасадата на Франција му го честитал новиот мандат на претседателот Емануел Макрон.

-En Marchе! En route! Постојано се навраќам и се сеќавам на убавиот спомен и на пораката “По патот, напред!” испишана со негов ракопис на една од нашите средби.
Кога треба да се донесе одлука меѓу либерализам наспроти конзервативизам, ние левичарите имаме само еден избор – тоа е либерализамот – слободата, отвореноста, современоста.
Во мојот говор во Атина пред неколку дена реков дека ја оспорувам тезата дека десницата или крајната десница владеела со Европа. Ниту Макрон во Франција е десница ниту партијата на Голоб во Словенија која ги доби парламентарните избори во неделата е десница, напиша Заев на Фејсбук.

Тој додаде дека се радува на, како што рече, овие гласни крикови кои носат победа на европската слобода.

 

Поврзани новости