659
Министерот Бујар Османи на денешната прес конференција за пренесувањето на телата на загинатите во автобуската несреќа, во Македонија рече дека работат според проценките кога би можело да заврши процесот на идентификација, а тие варираат.
-Денеска ќе контактирам со семејствата, бидејќи сакам да знам кои се нивните очекувања во однос на пренесувањето на телата и процедурите понатаму за да можеме да го направиме овој акциски план, истакна Османи.
Османи посочи дека се во постојана комуникација со бугарските власти и веќе се прават подготовките и плановите околу преносот на телата и целата процедура натаму.