472
Вицепремиерот Бујар Османи, кој е во делегацијата што го придружува премиерот, Зоран Заев, во Берлин, по средбата со германската канцеларка, Ангела Меркел, порача дека денов е успешен за земјава.
Веднаш по средбата Заев информираше дека Бундестагот во септември ќе одобри старт на преговори со ЕУ.
„Денешниот успех на Северна Македонија, во најголем дел, претставува производ на искрената поддршка од страна на Германија, и автентичните напори на Канцеларката Ангела Меркел за интегрирање на Западниот Балкан во ЕУ.
Континуитетот на ова партнерство и во иднина ќе значи зацврстување на европската идеја на Балканот, како основа во изградбата на побезбедна, постабилна и просперитетна Европа“, напиша Османи.