Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи смета дека спротивставувањето на опозицијата на договорот за името со Грција ќе ја искомпликува политичката ситуација во земјата. Сепак, тој вели дека се уште се надева оти ВМРО-ДПМНЕ ќе сфати дека земјата нема иднина без ЕУ и НАТО.
– Опозицијата се уште го држи овој процес во заложништво, а со тоа и иднината на државата. Би сакале оваа битка да ја водиме заедно со опозицијата, но, ако е потребно ќе го направиме тоа и без нив и ќе успееме. Верувам дека со големата поддршка на граѓаните ќе успееме да го направиме тоа во предивденото време – вели Османи во интервју за грчкиот весник „Етнос“.
Според него, договорот не е прашање за идните избори, туку за идните генерации, но, додава вицепремиерот, ако на референдум има еден глас против ќе ја почитуваат таквата определба.
-За нас предвремени избори не се приоритет бидејќи тие би ги успориле реформи, но кога би се одржале избори утре владејачките партии повторно би победиле – вели Османи.