378
Ахмети има статутарно право и сам да одлучи за чекорите, но негова цел е да ги слушне мислењата на сите членови на претседателството за сите опции, за да се донесе најздрава одлука, рече Бујар Османи пред седиштето на ДУИ, каде во тек е средба на Централното претседателство на ДУИ во проширен состав.
-Отфрлувам дека има раздор во партијата или некакви преференци. Не ни е битна политичката судбина на ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ важна ни е реализацијата на платформата и договорот потпишан со Албанците, изјави Османи.
Османи посочи дека за ДУИ е важна Платформата на Албанците и важен е начинот како тој договор ќе го реализираат, а во текот на денот од дебатата ќе преминеле на поконкретни предлози.