Османи: Ахмети ќе ја одржува безбедноста на државата

by fokus

По завршување на Генералниот совет на ДУИ, Бујар Османи изјави дека Али Ахмети ќе се сретне со сите освен со оние кои се против Албанците.

-Сега мора да се одреди курсот на иднината на оваа земја. Сега е важно да се донесе одлука која ќе ја врати стабилноста на земјата. ДУИ е тука која во овие политички игри секогаш знае да го одржи интересот на државата. Граѓаните да бидат мирни бидејќи Али Ахмети ќе ја одржува безбедноста во државата. Али Ахмети ќе се сретне со сите освен со оние кои се против Албанците.  Генералниот совет едногласно го овласти претседателот Али Ахмети да продолжи со разговорите со сите политички партии за одржување на евроатлантскиот курс на земјата, се разбира освен оние кои се во директен судир со интересите на граѓаните со евроатлантски вредности. Значи, овие разговори ќе продолжи да ги води претседателот Ахмети, рече Османи.

 

Поврзани новости