Телеком го осуди ставот на Дардишта и побара реакција од Владата

by fokus

Македонски Телеком попладнево се огради од Фејсбук статусот на Шкодране Дардишта, член на Одборот на директори на Телеком во кој таа се закани со војна, и побара реакција од Владата.

-Македонски Телеком се оградува од приватниот став на г-ѓа Шкодране Дардишта изнесен на социјалната мрежа Фејсбук.
Го осудуваме ваквиот личен став и наскоро очекуваме реакција од Владата, која ја постави г-ѓа Дардишта како независен член на Одборот на директори на Македонски Телеком, наведуваат во соопштението.

Поврзани новости