РЕК Осломеј е во 48-часовен прекин поради пукната цевка, како најчест дефект во термоелектраните, кој брзо се санира, соопшти АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).
-Производството на електрична енергија за потребите на регулираниот пазар (домаќинства и мали потрошувачи) се одвива непречено преку другите електрани на АД ЕСМ, пред сѐ, со поинтензивно производство на двата блока во РЕК Битола. Се очекува РЕК Осломеј повторно да биде на мрежа од сабота, 29.10.2022 година, соопшти ЕСМ.
Оттаму напоменуваат дека РЕК Осломеј во последните години работи со исклучително зголемен капацитет, благодарение на силните инвестиции кои се направени во комбинатот во периодот од 2018 до 2020 година во однос на термоелектраната, опремата, човечките ресурси итн.
Како резултат на тоа има зголемено производство, кое заклучно со вчерашниот ден, достигна 219 GWh. Со тоа РЕК Осломеј го исполни и го надмина планот за производство за 2022 година, додаваат од компанијата.