„Ослободување на Скопје“ на филмски фестивал во САД

by fokus

Филмот „Ослободување на Скопје” во режија на Раде и Данило Шербеџија ќе биде дел од филмскиот фестивал во Кливленд, САД, информира продукцијата „Партизанс”.

Фестивалот се одржува во периодот од 29.03-09.04.2017 година и учество ќе земат над 400 играни филмови, а филмот „Ослободување на Скопје” е дел од натпреварувачката програма.

Овој филм е ко- продукција помеѓу Македонија, Хрватска и Фински, а главните улоги ги толкуваат: Давид Тодосовски, Раде Шербеџија, Силвија Стојановска, Луција Шербеџија и Мико Ноусаинен.

Поврзани новости