Ослободениот Дурловски ќе „пее“ во Собрание заедно со директорот на „Идризово“

by Frosina Fakova

Пратениците против кои се води судски процес, Илија Димовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Ејуп Аљими од редовите на ДУИ, едниот обвинет во случајот „Титаник“, а другиот нeправосилно осуден за случајот „Титаник 3“, Ејуп Аљими станаа поранешни пратеници.

И двајцата не се најдоа ниту на кандидатските листи на своите партии, но затоа сигурен влез на пратеничките клупи има оперскиот пејач, Игор Дурловски на кој му се судеше за упадот во Собранието, но судијката Добрила Кацарска го прогласи за невин со образложение дека Обвинителството не собрало доволно докази против него.

Од амнестираните пратеници за „27 април“, во Собрание влегува единствено Љупчо Димовски од Социјалистичката партија, а пратеничко место не успеа да освои амнестираниот Јохан Тарчуловски.

Во новото Собрание ќе седнат пратеници кои се таму околу 18 години, но и нови пратеници, кои досега не биле во Собранието. Меѓу нив е и разрешениот директор на Центарот за јавно здравје, Скопје, Арбен Зибери од редовите на ДУИ. Неговата колешка, директорката на Инфективната клиника во Скопје, Милена Стевановиќ, која активно е вклучена во борбата со ковид-19, сепак нема да седне во собраниските клупи како предлог на СДСМ.

Пратеничко место освои и актуелниот директор на затворот „Идризово“, Боби Мојсоски кој беше предлог на коалицијата „Можеме“, конкретно ЛДП. Пратеничко место освои и Љупчо Балкоски од ВМРО-Народна партија на Љубчо Георгиевски.

Пратеничкото место не го дава Антонио Милошоски, кој е осомничен во истрагата „Моќник“ која ја отвори поранешното Специјално јавно обвинителство, а сега ја презеде Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Освен за Милошоски активна истрага има и за еден од најдолгогодишните пратеници во Собрание, лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Тоа е истрагата „Попис“ во која е осомничен со поранешниот коалициски партнер, Никола Груевски.

Според конечните неофицијални податоци на ДИК, коалицијата на СДСМ и Беса освои 46 мандати, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 44 пратеници, ДУИ 15, Алијанса за Албанците и Алтернатива 12, Левица освои 2 пратеника и ДПА 1 пратеник.

Ф.Ф.С.

Ова е првичниот распоред на пратениците во Собрание:

Коалиција Можеме предводена од СДСМ:

Прва изборна единица

Никола Димитров
Мила Царовска
Дамјан Манчевски
Моника Зајкова
Дарко Каевски
Горан Мисовски
Кастриот Реџепи
Марија Георгиевска

Втора изборна единица

Оливер Спасовски
Сања Лукаревска
Мухамед Зеќири
Даниела Маркоска
Мартин Костовски
Љатифе Шиковска
Бастри Бајрами

Трета изборна единица

Љупчо Николовски
Јагода Шахпаска
Сашко Николов
Маја Морачанин
Ненад Коциќ
Соња Михајловска
Љупчо Балковски
Марија Ангелова
Илија Николовски

Четврта изборна единица

Зоран Заев
Соња Мираковска
Миле Талески
Даниела Колева
Панчо Минов
Марија Костадинова
Костадин Костадинов
Лолита Ристова
Павле Трајанов
Коле Чаракчиев

Петта изборна единица

Радмила Шекеринска
Јован Митрески
Бисера Стојчевска-Костадиновска
Лазе Таневски
Бети Наумовска-Рабаџиевска
Енес Ибрахим
Боби Мојсоски
Жаклина Лазаревска

Шеста изборна единица

Биљал Касами
Фаница Николоска
Бејџан Иљас
Фадил Зендели

Коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Прва изборна единица

Гордана Силјаноска-Давкова
Тимчо Муцунски
Синиша Стојановски
Бети Стаменковска-Трајковска
Љупчо Димовски
Љупчо Пренџов
Велика Стојкова-Серафимовска

Втора изборна единица

Владо Мисајловски
Рашела Мизрахи
Бране Петрушевски
Иван Стоиљковиќ
Жаклина Пешевска
Дарко Костовски
Бојан Стојановски

Трета изборна единица

Игор Јанушев
Иван Јорданов
Благица Ласовска
Иванка Василевска
Стојан Миланов
Игор Здравковски
Миле Лефков
Никола Мицевски
Даниела Христова
Марија Петрушевска

Четврта изборна единица

Александар Николоски
Ане Лашкоска
Дајанчо Ефтимов
Ели Панова
Зоран Јованчев
Петар Ристески
Здравко Трајанов
Ангелина Петкова
Златко Пенков
Јадранка Поцкова

Петта изборна единица

Игор Дурловски
Антонио Милошоски
Силвана Ангелевска
Кирил Пецаков
Јован Јаулески
Олга Лозановска
Ѓорѓија Сајковски
Лидија Петкоска

Шеста изборна единица

Дафина Стојаноска

Александар Велјановски

Демократска унија за интеграција – ДУИ

Прва изборна единица

Изет Меџити
Арбен Зибери

Втора изборна единица

Арбер Адеми
Берат Ајдари
Мерита Колчи Коџаџику

Петта изборна единица

Талат Џафери
Исмаил Јахоски
Арбана Пашоли

Шеста изборна единица

Али Ахмети
Фљорин Бесими
Арта Билали Зендели
Насер Нуредини
Бајрам Реџепи
Вјолца Адеми
Бајрам Кадрија

Коалиција на Алијанса за Албанците и Алтернатива
Прва изборна единица

Скендер Реџепи
Абдула Салиу

Втора изборна единица

Африм Гаши
Ељми Азири
Сафије Садики Шаини

Петта изборна единица

Сурија Рашиди

Шеста изборна единица

Зијадин Села
Атнан Незири
Илире Даути
Хусни Исмаили
Халил Снопче
Артина Ќазими

Левица
Прва изборна единица

Димитар Апасиев

Трета изборна единица

Борислав Крмов

Демократска партија на Албанците – ДПА
Шеста изборна единица

Мендух Тачи

Поврзани новости