Семејствата на осудените во случајот „Детонатор“ денеска преку писмо реагираа на ослободувањето на телохранителот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијаков, кој ја нападнал јавната обвинителка.
-Основниот суд во Виница го ослободи од вина лицето „Драганчо Стоименов со прекар Дацо Белски„ (бодигард на Сашо Мијалков и оштетен во политички-монтираниот случај ДЕТОНАТОР) за напад над Јавен обвинител. Нападот над Јавниот обвинител се случи пред очите на судијата, токму во неговата судница, а тој го ослободи од вина напаѓачот. Нападот над Јавниот обвинител се случи кога се одржуваше главен претрес на предмет кој се води во Основниот суд Виница од далечната 2009 година, каде обвинет е повторно Драганчо Стоименов, а оштетен е осуден од Детонатор и дузина полицајци, пишуваат семејствата на осудените.
Тие прашуваат до кога „независносто судство“ ќе си поигрува со судбините на обичните граѓани на Македонија и до кога „независните судии“ ќе ги затвараат интелектуалците, а ќе ги ослободуваат криминалците.
-Зарем специјалниот Извештај на Прибе и Извештајот на Меѓународната кризна група не се доволен услов судиите да почнат да си ја извршуваат својата должност, за што патем и дале заклетва дека ќе одлучуваат во „ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА„ а не во името на „ПАРТИЈАТА НА ВЛАСТ„? Дали и овој судија од Основниот суд во Виница ќе одговара за своите постапки, со оглед дека за процес кој се води од 2009 година, каде обвинет е повторно Драганчо Стоименов, сеуште нема донесено Пресуда (за што до Судскиот совет на РМ е поднесена и Претставка пред години наназад), а за напад над јавен обвините донесе ослободителна пресуда за напаѓачот?, стои во писмото од семејствата на осудените во „Детонатор“, за кој тие велат дека е политички монтиран случај.
Линк од ослободителната пресуда за телохранителот на Мијалков.