Ендоскопските испитувања на Клиниката за Токсикологија покажале оштетувања на хранопроводот и желудникот кај битолчанецот кој испил корозивно средство во кафуле во Битола, каде нарачал кафе и минерална вода.
Од Токсикологија велат дека пациентот се уште е под опсервација, бидејќи последиците од ваквото труење се манифестираат подоцна. Тој е во стабилна состојба, но со сериозни оштетувања на органите, велат од таму.
Станува збор за 42-годишен маж кој бил примен на Клиниката пред четири дена.
Според пријавеното А.Т. испил кафе и побарал флаширана вода, откако ја испил првата голтка осетил дека не е вода. Се претпоставува дека битолчанецот испил раствор за машинско миење на садови.
Корозивите се група на хемикалии кои имаат својство да предизвикаат повреда на ткивата при контакт со хемиска реакција.