Осуденик за даночно затајување кој бил во бегство е фатен во Кисела Вода

by Fokus

45-годишен маж кој е баран со потерница за издржување на казна затвор е приведен во Кисела Вода, соопштија од полицијата. И.К. кој бил уапсен вчера во скопската општина, бил осуден на две години за даночно затојување, но не се јавил на издржување на казната.

„На 24.03.2023 полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек за потрага по цел во скопската населба Кисела Вода го лишиле од слобода И. К. (45) кој бил баран со потерница по Наредба од Основен суд Охрид за издржување на казна затвор од две години за кривично дело казниво по член 279 ст.2 в.в. со ст.1 од КЗ на РСМ’, соопштија од МВР.

Поврзани новости