Оштетените од поплавите во Тетово ќе добијат по 500 евра

by Фокус

Семејствата кои претрпеле штета на своите имоти во вчерашното невреме во Тетово ќе добијат еднократна парична помош од 500 евра, одлучи Владата на денешната вондредна седница.

Вицепремиерот Владимир Пешевски рече дека Агенцијата за конфискуван имот, согласно заклучоците од седницата, ќе додели помош за семејствата со различна опрема, обувки, алишта и сè што има на располагање и што може да биде од корист. Ќе се отвори и посебна жиро сметка за донации за помош на оштетените во невремето.

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, која присуствуваше на вонредната седница, рече дека не бега од одговорност за тоа што се случи, но смета дека причина за поплавите и одроните е големата природна несреќа, а не неажурноста на општината да се исчисти коритото на Пена и затнатите канализации.

 

Поврзани новости