Оштетени спомениците и украдени бистите на Вапцаров и Неделковски од Градскиот парк во Скопје
Бистите на Никола Вапцаров и Коле Неделковски повеќе не се дел од Градскиот парк во Скопје. Украдени се спомен обележјата на овие двајца македонски преродбеници.
Според пријавата која ја добила полицијата, кражбата се случила во саботата ноќта.
„На 2 октомври во 9:52 часот во СВР Скопје било пријавено дека биле оштетени спомениците, а биле одземени и бистите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“
Пред кражбата, првин биле турнати постаментите на двете спомен обележја, а потоа речиси хирушки прецизно се отсечени бронзените бисти.. Спомениците на Вацпаров и Неделковски се наоѓаат на прометна патека од паркот која води кон градскиот стадион..
„Спомениците на Вапцаров и Неделковски беа откриени во 2013та година.. Тогаш беа поставени бисти на уште четвроица македонски револуционери“
Нивната изработка ја финансираше градот Скопје со над 20 илјади евра..
Градските власти, денеска не одговорија какви мерки преземаат за заштита на спомениците во градскиот парк и колку често се оштетувани..
Пред две години беше турнат споменикот на Неделковски, случај кој исто така бил регистриран за време на викнедот..