768
Непознати сторители запалиле билборди од ДУИ во скопската населба Ѓорче Петров и во Куманово.
Во Куманово бил уништен билборд на крстосницата од улиците 11-ти Октомври и 11-ти Ноември, на кој имало фотографии од политичари од ДУИ. Во Ѓорче Петров пак оштетени се билборди на улиците Ѓорче Петров и Кузман Шапкарев.
Вчеравечер, искршени беа и стаклата на штаб од ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци. Два штаба на владејачката партија беа оштетени и вчера во Неготино. За ниту еден од случаите не е најден сторителот.