Богоевски: Георгиевски и Груевски први заговараа федерализација

by fokus

Ексразузнавачот Слободан Богоески, кој е носител на кандидатската листа од Коалицијата за промени и правда во четвртата изборна единица денеска имаше средби со граѓани во Струмица.

Тука, Богоевски порача дека крајно време е да се стави крај на еднопартиската власт во Македонија и власта да и се врати на народот.

Според него, тезата за федерализација на Македонија е манипулација на владејачката партија.

– Најстрашно е што манипулираат со најчуствителните категории и безбедноста на Македонија. Никој не може да ја федерализира Македонија, ниту некој ќе се обиде да го направи тоа. Тезите за федерализација прв ги заговараше Љубчо Георгиевски, патронот на Никола Груевски кој во време кога беше министер за финансии заедно ги порачаа картите од МАНУ за размена на територии, рече Богоески.

Неговиот коалиционен партнер Павле Трајанов денеска порача дека Коалицијата за промени и правда објавила војна против криминалот, за украдените пари да се вратат кај народот. Трајанов промовираше и економски мерки, грантови за поттикнување домашни бизниси, минимална пензија од 200 евра и социјална помош од најмалку 100 евра.

Поврзани новости