557
,,Ниските пораки испишани на мојот автомобил прва ги забележа мајка ми, рано утринава. Значи, ова е црната кампања на ВМРО ДПМНЕ. Таа ме повика да видам што се случило, и веднаш пријавивме во полиција. Направија увид, иако на сите ни е јасно кој може да стои зад овој низок чин. Дрскоста е уште поголема, затоа што сторителите се осмелиле да влезат внатре, во мојот двор, каде беше паркиран автомобилот. Би им порачал дека нема воопшто да ме заплашат, но и да се вратат во училишните клупи, да се доописменат. Срамота е да мешаат кирилични букви и латиница. Со пораката само уште повеќе ја покажаа својата неписменост’’ – вели 23-годишниот Милошевски.
Денес во раните утрински часови бил оштетен автомобилот на Стојан Милошевски, активист на СДСМ од Неготино. -СДС гом.о, било испишано долж целиот автомобил, а настанот се случил помеѓу два часот и триесет минути и осум часот утринава, во дворот на оштетениот.
,,Ниските пораки испишани на мојот автомобил прва ги забележа мајка ми, рано утринава. Значи, ова е црната кампања на ВМРО ДПМНЕ. Таа ме повика да видам што се случило, и веднаш пријавивме во полиција. Направија увид, иако на сите ни е јасно кој може да стои зад овој низок чин. Дрскоста е уште поголема, затоа што сторителите се осмелиле да влезат внатре, во мојот двор, каде беше паркиран автомобилот. Би им порачал дека нема воопшто да ме заплашат, но и да се вратат во училишните клупи, да се доописменат. Срамота е да мешаат кирилични букви и латиница. Со пораката само уште повеќе ја покажаа својата неписменост’’ – вели 23-годишниот Милошевски.
Тој додава дека последен пат го видел автомобилот утринава во околу 2.30 часот, и се било во ред. Најверојатно, сторителите го чекале Милошевски да си оди дома, а потоа, додека спиел, со спреј го оштетиле целиот автомобил.
,,Со години наназад сум дел од СДСМ Неготино, и ќе продолжам со моите активности во партијата. Очигледно е дека со оваа црна кампања сторителите сакале да ме навредат или исплашат, но нивната глупост им носи само негативни поени, лично нив. Во иднина, би им порачал, покрај на образованието, да поработат малку повеќе и на својот карактер. Ако имаат нешто против мене и мојата партиска определеност, можат да ми се обратат лично мене, а не да се прикрадуваат во туѓи дворови и да се однесуваат крајно незрело’’ – порача Милошевски.
Вики Клинчарова