Нејзиниот паретнер, милионерот Кајл Филипс кој е ко-директор на компанија за цигари, допрва треба да даде изјава во полицијата. Според порталот „Њуз 24“ наводно одбил да биде прегледан од државниот патолог задолжен да ја спроведе обдукцијата на Јанеска и додека разговарале за понатамошните чекори тој буквално „се опколил со своите телохранители“. Обидите на патологот да го испита Филипс биле насочени кон утврдување дали тој имал одбранбени рани на телото.
Полицијата не ја третира смртта на Јанеска како сомнителна, но семејството и пријателите за истиот медиум раскажуваат дека не веруваат оти таа сама би си го одзела животот.
„Само што се врати од дипломатско патување во Македонија. Беше толку убава жена, полна со живот, многу талентирана и амбициозна. Оствари добра комуникација со министри во земјата и директори. Го сакаше животот и не можам да разберам зошто некој би ѝ наштетил на било кој начин“, објаснува Ива Ристиќ, блиска пријателка на покојната.