Оружје на Хамас пронајдено во Бугарија

by Fokus

Бугарските истражни органи откриле складиште со оружје кое требало да се користи за напади врз еврејски верски објекти во Германија, пишува денеска германски Шпигел.

„На југот на Бугарија, оружје и муниција беа пронајдени во подземен магацин што требаше да се користат за напади на Хамас врз еврејски објекти во Германија, пред се во Берлин“, наведува „Шпигел“, повикувајќи се на извори во Германската служба за криминал (БКА).

Се додава дека оружјето е делумно неупотребливо поради ‘рѓа.

Сознанието за магацинот за оружје е добиено преку анализа на мобилниот телефон на еден од четворицата Палестинци уапсени во Берлин и Холандија во декември минатата година, поради сомневања дека подготвувале магацини со оружје наменето за терористички напади по налог на Хамас во Европа.

Се сомнева дека слични магацини се подготвени и во Полска.

Германските и европските обвинителски власти добиле информации за членови на милитантното крило на Хамас од израелските тајни служби, пренесува Танјуг.

Поврзани новости