Македонските ракометарки во Азербејџан заверија пласман на Европско првенство

by Fokus

Женската ракометна репрезентација на Македонија обезбеди пласман на Европското првенство 2024 година кое ќе се одржи во Австрија, Унгарија и во Швајцарија.

Ова ќе биде седмо учество на македонските ракометарки на еврошампионатот.

На претпоследната квалификациска средба денеска нашите девојки ја совладаа селекција на Азербејџан во Баку со 22-37 и се пласираа на континенталното натпреварување.
Во Скопје треба да се одигра уште мечот против Литванија за да се види на кое место ќе завршат во групата.

Прв стрелец кај Македонија беше Саздовска со 7 погодоци, Ристовска беше стрелец на 6 гола, па следуваа Коларовска со 5 и Младеновска со 4.

Македонија и Литванија играат во недела во СЦ „Борис Трајковски“ од 18 часот.

Поврзани новости