Компанијата во сопственост на бизнисменот Орце Камчев, „Орка Холдинг“, испрати демант по информациите во медиумите дека полиција претресува неколку фирми кои се поврзани со Камчев во врска со долгот на ВМРО-ДПМНЕ за кампањата за претседателските избори.
Тие најостро ги демантираат како што ги нарекуваат, сензационалистичките и неточни информации за полициска акција во фирмата МОнт, која е дел од Орка Холдингот на Јордан Камчев.
Тие демантираат дека биле вклучени во кампањата на Сиљановска и било каква поврзаност со команијата „Полиесетер деј“.
„Ние ја поздравуваме инспекцијата затоа што тоа е во насока конечно да се расчисти политичката и медиумска хајка која се води против приватните компании во Македонија. Ваквата непрофесионалност и едностраност е против интересите на коректно и правилно информирање на јавноста, а извршува директна штета врз угледот на приватните компании. Сакаме уште еднаш да демантираме дека ниту компанијата Монт, ниту Орка Холдинг на било каков начин имаат учествувано во предизборната кампања на г-ѓа Сиљановска на претходните претседателски избори. Маиците од компанијата Монт која работи во областа на текстилната индустрија беа нарачани и набавени единствено на страната на Polyesterday-компанија со која ние имаме долгогодишна соработка, акоја во случајов е наш должник и станува збор за долг за кој веќе имаме испратено Опомена пред тужба до должникот. Со понатамошните активности на Polyesterday по набавката на маиците не сме никако поврзани ниту навлегуваме во истото. Изнесувањето на информациите во јавноста на овој начин е пример за класична инсинуација, нешто со кое се прават обиди во јавноста да се наруши угледот и името на нашите брендови“, се вели во демантот.