Аларм во руски судови поради дојави за поставени бомби

by fokus 14:39
14:39

Судови во Москва и Санкт Петербург денеска беа евакуирани по анонимни дојави за поставени бомби.

Осум судови беа евакуирани во Москва – во окрузите Гагарински, Чертановски, Троицки, Лефортовски, Хорошевски, Тагански, Чериомушкински и Тимириазевски, додека во Санкт Петербург беа евакуирани шест судови – Градскиот и пет окружни, пренесе ТАСС.

- Advertising -

Серија анонимни дојави почнаа минатата недела и сите се покажаа лажни.
Во Москва и Санкт Петербург, непознати лица бараа надомест во биткоини, но се утврди дека дојавите биле лажни. Откриено е и дека повиците доаѓале од странство, најверојатно од Украина.

Поврзани новости