Локација која дарува здравје, место кое е исполнето со здрава храна. Тајната на долговечноста е среќата, а денес среќа е да јадеш здрава и органска храна.
Во текот на целата година што следи, Скопје Сити Мол ќе биде домаќин на Органскиот Базар. Станува збор за нова енергија и форма дружење. Место за споделување на нова позитивна енергија, вкрстување на патиштата на сите оние кои се поборници за здрав живот, место каде што ќе има богата понуда на една единечна трпеза и за сечиј вкус, директно од органска градина.
Сите производители на органска храна ќе бидат на едно место, со една и единствена цел, да ја доближат здравата храна до сите оние кои се во потрага по неа. Во период на недостиг на органски производи, во Скопје Сити Мол ќе го најдете изворот на здравје. Органско овошје и зеленчук, органски производи и козметика, сето ова ќе може да го купите во Скопје Сити Мол, секој четврток,од 10 до 22 часот, почнувајќи од 21-ви мај.
Органската храна е хемиски непрскана храна. Таа се дефинира како храна што во себе не содржи никакви хемиски, вештачки, ниту пак отровни препарати и елементи кои штетат на човечкиот организам. Тоа е храна која во себе содржи само и исклучиво природни состојки и се одгледува на чиста, сертифицирана почва.
Целта на овој Органски Базаар е да се зголеми нивото на здрави луѓе кај нас. Ова е поттик за македонските производители да произведуваат органска храна, која ќе биде пласирана во Скопје Сити Мол.
Органски Базар е креација на Беорг и Скопје Сити Мол, поборници за здрав и долг живот.