Организацијата ОМО „Илинден“ бара да не ја мешаат со партијата ОМО „Илинден“-Пирин

by fokus

Организацијата ОМО Илинден преку нејзиниот член Атанас Кирјаков денеска побара од македонските медиуми да не ја мешаат со партијата ОМО Илинден-Пирин и нејзините активности да не и ги препишуваат на партијата.

Во многу македонски печатни и електронски медиуми читаме и слушаме за наши активности во Пиринска Македонија, кои активности се препишуваат на ОМО „Илинден“ – ПИРИН , а не на нашата ОМО „Илинден“. Македонските новинари и широката македонска јавност треба да знаат дека во Пиринска Македонија постојат ДВЕ , а не едно македонско движење, вели Кирјаков.

Тој објаснува дека едното движење е ОМО „Илинден“ кое е македонска организација ( основана на 14.04.1990 г.во градот Сандански , и со актуелен претседател Кирил Тилев).
Другото е ОМО „Илинден “- ПИРИН, кое плус е партија со раководство од седум члена на управителното тело.

Кирјаков со претседателот на ОМО Илинден, Кирил Тилев

Лош впечаток и многу болно е за нас членовите на ОМО „Илинден“ кога читаме и слушаме во македонските печатни и електронски медиуми дека наши активности, манифестации, и др. се препишуват на партијата ОМО „ Илинден“- ПИРИН . Тоа во последно време е практика на македонските медиуми и во Р.С.Македонија и ширум СВЕТОТ кај македонската дијаспора. Зошто се прави таква реклама на партијата ОМО „Илинден“- ПИРИН и на нејзините раководители, а се става под тепих нашата ОМО „Илинден“ и нашите активности ?, прашува Кирјаков.

К.С.Б.

Поврзани новости