ЕУ: Историски момент, им дадовме кандидатски статус на Украина и Молдавија

by fokus 21:34
21:34

Дваесет и седум членки на ЕУ вечерва им доделија кандидатски статус на Украина и на Молдавија, објави во Брисел претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, нарекувајќи ја одлуката „историски момент“ во екот на руската агресија.

„Договор. Европскиот совет штотуку донесе одлука за доделување статус кандидат за ЕУ ​​на Украина и Молдавија. Историски момент“, напиша претседателот на Европскиот совет на Твитер.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поздрави одлуката, нарекувајќи ја „единствен и историски момент во билатералните односи“.

Поврзани новости