Организација од Македонија е во трка да стане дел од светската платформа GlobalGiving

by Fokus

Организацијата  Ц.С.И. Надеж од Македонија, која работи на обезбедување еднаков пристап до образование за деца Роми, влезе во трката за обезбедување место на светската crowdfunding платформа GlobalGiving. Целта е да биде обезбедена поддршка при образование во Едукативниот центар на Ц.С.И. Надеж за дополнителни 60 деца Роми.

За да успее, организацијата мора да собере 5.000 долари од 40 различни донатори до 23 април, 2021 година. Ако успее во ова, ќе остане на платформата на GlobalGiving, каде ќе може да добива поддршка од најразлични донатори од целиот свет во неограничен период.

-На Денот на Ромите, 8ми Април ги повикуваме сите граѓани да се вклучат и со личен придонес да овозможат еднакви услови за образование на 60 деца Роми. Тоа можат да го направат на многу едноставен начин преку онлајн донација на платформата. Само 14 отсто од децата Роми се вклучени во предучилишно образование. Секој може да помогне тоа да се промени, порачуваат од Ц.С.И. Надеж.

Донацијата може да се направи онлајн со картичка на овој линк: https://www.globalgiving.org/projects/give-60-vulnerable-children-education/

Поврзани новости