Немам сомневање дека „Рекет“ започна како поткуп и дека операција што била планирана да биде поткуп на крајот се распаднала и се претворила во нешто што звучи како рекет, рече новинарот и аналитичар Сашо Ордановски на Канал 5.
-Јас и сега стојам дека на судењето не се докажа на вистински начин, со материјални докази, вината на осудените. Не видовме дека е докажано дека Катица (Јанева) примила пари за да врши влијание. Но, не може да не се докаже парите каде завршиле и дали воопшто има пари. Без тоа не постои предмет. На крај, се се сведе на сведочења на еден против друг, намерата беше на тој начин да се оштетат обвинетите – рече Ордановски.
Според него, 9 години е преголема казна за Бојан Јовановски-Боки 13, особено без доказ, додека истовремено, како што истакнува, многумина со поголеми проблеми со законот шетаат слободно.