Исмајлоска: Ако Мицкоски е толку сигурен во поддршката, ајде нека гласа цело членство

by Фокус

Поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Нола Исмајлоска-Старова, која беше исклучена од партијата по гласањето за уставните измени, на „360 Степени“ изјави дека ДПМНЕ била казнета од сопствените гласачи.

-Притоа, дополнително не успеа да биде атрактивна за некои коишто можеби претходно гласале за СДСМ, за ДУИ, за ДПА итн или коишто не излегувале да гласаат. Значи, тие единствено успеаја да отидат подолу и кај своето членство. Тоа се гледа по резултатите во сите изборни единици без исклучок – рече Исмајлоска.

Таа смета дека Мицкоски треба да замине од лидерската позиција на легален начин, односно да даде оставка и членството да си го избере лидерот.

-Можеби ќе го изберат него. Ако толку има поддршка од членството ајде веднаш да не оставаме новиот статут да биде на чекање, па нека гласа целото членство, нека има неколку месеци ажурирање или некој преоден период, може неколку луѓе да го спремат тој конгрес што ќе биде со повеќе делегати или да гласаат сите што ќе се ажурираат – порача Исмајлоска.

Поврзани новости