„Ахмети и Груевски така и владеаја 10-тина години. Ќе измислат меѓуетнички проблем, ќе го дигнат до максимум, да не наведувам конкретно од орли до знамиња, крстови и тепања по калиња и така натаму и како понатаму ќе го решат и притоа го прибележуваат кај себе како голем успех и истовремено им растат рејтинзите во нивните етнички гласачки тела, “ рече новинарот Сашо Ордановски во поткастот Политиканти, надоврзувајќи се на коментарот на Мендух Тачи за користење на ефтини политички трикови меѓу владејачката албанска партија ДУИ и опозицијата и одличните рејтинзи кои ги објавуваат.
Ордановски се осврна на 90–тите па и 2000-те години во кои нашата држава помина низ уникатни ситуации.
„Можеби дојдоа и генерации кои не ја разбираат вредноста да се добие држава без конфликти. Дојдоа луѓе кои тоа не го гледаат какое да е значајна политичка придобивка туку како нешто, паднато од небо. И незнам дали разбира народот што значи да се биде членка на НАТО,“ потенцираше Ордановски.