Сашо Орданоски, член на експертскиот тим на ЦИВИЛ – Центар за слобода, на промоцијата на публикацијата „Слободни избори: Услов за кој не се преговара“, рече дека васта детално развила систем за крадење на изборите, но и дека тие што учествувале во изборен криминал, на следните избори нема да учествуваат во изборниот процес.
-Најшокантно е тоа како се крадени изборите кои се темелот на демократијата! Ако во тоа чепнете, во таа светост, ако тоа го фалсификувате, тогаш, сé друго станува бесмислено. Тогаш, државата и демократијата се украдени на самиот влез, и сé понатаму станува проблем. Овие луѓе што ја водат државата, развиле систем во којшто детално развиле начин како ќе се крадат изборите. Во Македонија, во 25-те години, не сме имале никогаш совршени избори, секогаш сме биле сведоци дека гласањето се одвивало на работ од легалното, но шокантно е кога ќе видите како целата ‘машинерија’, на индустриско ниво, значи, со еден корпоративен пристап, ги фалсификувала и ги крадела изборите, рече Орданоски.