Коце Трајановски, Тони Михајловски и Рангелова во првите редови со Мицкоски на протестот

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски придружуван од потпретседателите Митко Јанчев, Влади Мисајловски и Александар Николоски, како и поголемиот дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во првите редови го слушаат говорот на актерот Тони Михајловски, кој е прв говорник на протестот.

-Не постои друг народ кој својата земја толку ја опеал во песните, па тоа е таа неизмерна љубов кон својата држава. Затоа ни е големо името. Можеби ќе се шепоти, но ќе опстои. Добредојдовте на протестот против апокалиптичните политики на власта. Добровечер од 76 општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Ние сме спремни да ја одбраниме честа, достоинството, слободата и независноста на Република Македонија. Добредојдени се сите во таа одбрана, рече Михајловски.

 

Поврзани новости