442
Унгарскиот премиер Виктор Орбан утре доаѓа во Македонија на строго приватна средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од дипломатски извори.
Информацијата неофицијално ја потврдиле и од партијата, иако оставаат мала резерва, бидејќи унгарскиот премиер беше на турнеја во југоисточна Азија, но треба да се врати во Европа.
СДК дознава дека Орбан, овојпат во улога на лидер на Фидес, владејачката партија во Унгарија и сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ од Европските народни партии, ќе има средба со Груевски во Охрид. Таму ќе се задржи само неколку часа.