Тројца повредени во престрелка во Кичево, меѓу нив и лидер на независна листа на советници

by fokus

Три лица се повредени во вооружена престрелка во Кичево, а меѓу нив е и Алит Абази, лидер на независна листа за советници на Општина Кичево.

Од МВР за МИА информираа дека А.А. роден 1959 година околу 18:45 минути на булеварот „Ослободување“ ги пресретнал и пукал врз Д.А. (1959), А.А. (1977) и Ш.Д. (1963), тројцата од Кичево.

Д.А. има повреди на бутот на десната нога, А.А. е погоден во слабината, а Ш.Д. во десната потколеница. Д.А. и А.А. поради сериозноста на повредите со возила на брза помош се упатени кон скопските клиники, а Ш.Д. е пренесен во кичевската болница.

Полицијата веднаш по инцидентот го привела напаѓачот А.А. Според првичните сознанија, мотив за нападот се меѓусебни нерасчистени недоразбирања за кои се водела и судска постапка.

Поврзани новости