Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека ќе ја започне кампањата за парламентарните избори што ќе се одржат следната година „со здрава и историски заснована самодоверба“. Посочи дека неговата партија Фидес нема потреба да се сомнева во својата победа.
„Ќе победиме на следните избори, тоа е планот“, рече премиерот Виктор Орбан во интервју за „Кроника онлајн“.
Секогаш постои голема национална партија, сега тоа е „Фидес“, која се бори за независноста на земјата, за историската вистина, а секогаш постои сомнителна меѓународна формација платени и одржувани од странство, а предводени од покраински лидери кои се обидуваат да ја преземат власта со пари и влијание од странство, нагласи унгарскиот премиер.
Тој додаде дека опозицијата е иста како што била отсекогаш, дека ја менува „само облеката“.