Арсовска: Нов ден, нов командант, нови закани

by irena 10:31
10:31

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вели дека постојано добива закани по социјалните мрежи. Според последната објава, заканите се од лице кое се потпишало како „Командант Ламши“.

– Нов ден, нов командант, нови закани – напиша Арсовска на Фејсбук.

„Стопирај ја муцката да не ти ја стопирам јас, што значи кога командувам, биди сигурна дека ниту Господ ниту Алах нема да те спасат…“, стои меѓу другото во заканата.

 

Како коментар на заканите, градоначалничката одговори:

„Команданте, многу си јак. Што ќе правиш, ќе ме убиваш, ќе ми направиш нешто на мене и моето семејство, како ќе ја реализираш заканата? Додека не постапат институциите по доказите што им се доставени и објавени, нема да молчам. Џабе се заканувате“, порача меѓу другото Арсовска.

Слични вести