Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска побара оставка од потпретседателката на Европската комисија, Вера Јурова поради „понижувачки изјави“ за Унгарија.
– Според потпретседателката на Комисијата, во Унгарија е создадена „болна демократија“ и дополнително ги навреди граѓаните на ЕУ од Унгарија кога рече дека не се во позиција да формираат независно мислење, рече Орбан во писмото до претседателот на Комисијата Урсула фон дер Лајен.
Тој во него нагласува дека изјавите на Јурова се „навредливи за Унгарија и Унгарците“.
– Овие тврдења не се само напад врз демократски избраната унгарска Влада, туку се навредливи за Унгарија и Унгарците, напиша Орбан и додаде дека изјавите на Јурова го кршат Лисабонскиот договор, според кој треба да биде неутрална и објективна.