Евроамбасадорот Аиво Орав денеска изјави Комисијата препорачала да започнат преговорите, но тоа е условено од натамошната имплементација на Договорот од јуни и јули и значителен напредок во спроведувањето на итните реформски приоритети.
Клучни прашања за земјата, како што наведе Орав се целосна имплементација на политичкиот договор и итните реформски приоритети, борбата против корупција, деполитизација на судскиот систем, справување со уназадувањето на полето на слобода на изразување и да се заврши ревизијата на Рамковниот договор.
– Во делот на реформите во јавната администрација, забележано е дека има некој прогрес, но не доволен, во сферата на судскиот систем има уназадување, во областа на борбата против корупцијата и организираниот криминал нема прогрес, во областа на слободата на изразување забележано е уназадување, а прогрес нема ниту во областа на развојот на функционална пазарна економија и економското менаџирање, односно јавниот долг е многу висок – потенцираше Орав.
Спред него позитивно е враќањето на опозицијата во парламентот, како и изборот на специјалната јавна обвинителка.
Орав извештајот попладнево ќе им го врачи на одделни средби на шефот на државата Ѓорге Иванов, на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и на премиерот Никола Груевски.