Притвор за напаѓачите на докторот

by Фокус

30 дневен притвор добија лицата кои вчера на клиниката за дигестивна хирургија пукаа во хирургот Љубомир Огненовиќ.

Двајцата браќа утринава беа спроведени во скопскиот Кривичен суд на распит по што судија на претходна постапка го прифатил барањето на обвинителството да им се определи притвор.

Против нив се поднесени кривични пријави за обид за убиство, насилство, напад на службено лице и недозволено поседување огнено оружје.

Инцидентот се случи вчера наутро кога во хирургот пукало лице чија мајка починала во шок соба.

Поврзани новости