Според евроамбасадорот Аиво Орав, кој денеска говореше во собранието, до европските дипломати постојано стасуваат разно разни закани.
Медијаторството на Брисел има и негативни страни, бидејќи тие што посредуваат се мета на негативни кампањи, од Питер Ванхауте, еврокомесарот Јоханес Хан, европарламентарците па се до неговата делегација.
Орав рече дека европските претставници се под закана и покрај тоа што ѝ го посакуваат доброто на Македонија и се обидуваат да ја решат кризата во земјата.
Во неговиот денешен говор во Собранието, Орав рече:
„Ние сме тука за да ви помогнеме, бидејќи вие сте земја-кандидат, но сега веќе започна негативна кампања против посредниците на ЕУ, и на самиот комeсар Хан како и против неговиот експерт во Скопје, Ванхауте. Дури и заканите се зголемени до таа точка што сме принудени да ги зголемиме мерките за безбедност.”