СДСМ вечерва ќе одлучува за натамошните чекори

by Фокус

Попладне во 18 часот е закажана средба на Централното раководство на СДСМ на која ќе треба да се донесат одлуки околу понатамошните активности на опозицијата.

Според досегашните информации партиското раководство цврсто стои на одлуката дека СДСМ нема да учествува на парламентарни избори ако тие се одржат на 24 април.

Денеска ќе се одлучува и за тоа дали опозицијата ќе ги повлече двајцата министри што ги има во владата согласно Договорот во Пржино како и тоа дали ќе остане во парламентот.

Пратеничката група на СДСМ денеска нема да учествуваат во работата на пленарната собраниска седница, откако во понеделникот ја напуштија работата на Собранието.

Поврзани новости