399
Во изминатите години слушнавме многу прекрасни зборови за интегрирањето на земјата во Европската унија, но сега е време сите политичари да покажат дека овие зборови ги поддржуваат со дела, изјави евроамбасадорот во земјава, Аиво Орав.
– Овде сме да и помогнеме на вашата земја на патот кон ЕУ, но мора да видиме дека тоа навистина го сакате – рече Орав, на промоцијата на твининг-проектот за зајакнување на капацитетите за процесот на европската интеграција на Секретаријатот за европски прашања и клучните министерства.