Орав му го врачи Извештајот на ЕК на Заев

by Фокус

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав, откако вчера беше објавен Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија.

„Годинава за прв пат, со искрен речник, Европската Комисија порачува дека е потребно да се види напредок веднаш во областите што Комисијата ги посочи како загрижувачки: политизација на институциите, контрола на медиумите од страна на Владата за време на изборната кампања, селективна борба со корупцијата, проблеми со независноста на судството, бидејќи годинава во Извештајот има “но“ но не се знае до кога, рече евроамбасадорот Орав.

Тој додаде дека во следните два месеца се очекуваат конкретни чекори од Македонија во насока на подобрување на ситуацијата.

Амбасадорот Орав денеска му го врачи Извештајот на ЕК на Заев.

„Забелешките на Европската комисија се многу слични со посочените проблеми и потребните решенија што ги бара СДСМ за состојбите во Македонија, рече претседателот на СДСМ.

Претседателот Заев изрази задоволство од останувањето на препораката за Македонија и го поздрави пријателскиот однос на Европската Унија кон Македонија.

На средбата стана збор и за политичката ситуација во Македонија.

Претседателот на СДСМ соопшти дека опозицијата останува отворена за дијалог и дека  власта е таа којашто треба да се согласи со 5-те теми за разговор.

 

Поврзани новости