Наоѓањето начин за излез од кризата треба да биде прашање на денови за главните партии, а не да се пролонгира со недели и месеци, порача Шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија Аиво Орав.
Орав и амбасадорите од земјите членки на Унијата денеска изразија сериозна загриженост за ситуацијата во Македонија поради немањето прогрес во имплементацијата на Пржинскиот договор.
“Помина повеќе од месец дена откако Парламентот повторно заседава. За жал, не видовме многу прогрес во адресирањето на длабоката политичка криза во која се наоѓа земјата. ЕУ е сериозно загрижена за ситуацијата”, изјави амбасадорот Орав.
Според Орав, владеењето на правото е фундаментално за силно демократско општество, додавајќи дека од клучно значење е да се имплементираат итните реформски приоритети предложени од Европската комисија.
“Остануваме загрижени за предизвиците со кои се соочува во својата работа специјалниот обвинител. Ги повикуваме сите тела и особено сите страни кои се согласија да се воспостави специјалниот обвинител да престанат со попречувањата и наместо тоа целосно да ја поддржат неговата работа. Дополнително, сите прашања со кои се соочува оваа институција исто така мора да бидат адресирани како приоритетни прашања”, рече Орав.
Орав повтори дека работата на Специјалното јавно обвинителство не смее да се попречува и ги повика властите и институциите да престанат со опструкциите.
“Остануваме загрижени за проблемите со кои се соочува Специјалното јавно обвинителство при својата работа. Ги повикуваме сите тела, особено партиите кои се согласија да се воспостави Специјалното јавно обвинителство, да престанат да го опструираат и да му дадат целосна поддршка. Исто така, сите проблеми со кои се соочува оваа институцијата мора приоритетно да се решат”, порача Орав.
Орав истакн дека Пржинскиот договор останува единствениот пат за излез на земјата од политичката криза.
“Демократијата се зајакнува преку целосно учество во институциите за да се обезбеди нивно демократско функционирање и поголема контрола. Потсетуваме дека рамката од Пржино останува најдобриот пат за излез на земјата од постојната криза. Веруваме дека е во интерес на оваа земја и нејзиниот евроатлантски пат главните политички партии да се согласат за решение за излез од кризата во следните неколку дена отколку во следните недели или месеци”, порача амбасадорот Аиво Орав.