ДС: Полицијата удри по студентите кои ја бранеа демократијата

by fokus

Демократскиот сојуз им честита на студентите кои во текот на вчерашниот ден и ноќта покажаа храброст при обидот да спречат одржување на криминални и нелегитимни избори за лидер на студентите.

“Студенти од Студентскиот пленум беа тепани од полицијата и насилно влечени, за да се овозможи да се прогласи лидер на студентите во организација на власта”, велат од Демократскиот сојуз.
Тие најостро го осудуваат кршењето на изборниот процес од активисти на ВМРО-ДПМНЕ и побараа одговорност за сите што придонесоа за хаосот и грдите пораки кои се испратија до светот.
ДС бара целосно расчистување на улогата и одговорноста на министерот за внатрешни работи и министерот за образование, како најдиректно вклучени во тоа што се случуваше во текот на ноќта.
“Наместо студентите да бидат единствени и заедно во борбата за владеење на правото, демократија, подобрување на квалитетот на образование и студентскиот стандард, сведоци сме на поделби и “војна” за интересите на владејачкиот естаблишмент. Ако на овие избори пред очите на јавноста се случуваше хаос, полициска бруталност и фалсификат, што ли се ќе се случува на парламентарните избори”, се вели во соопштението од ДС.
Демократскиот сојуз инсистира да се одржат парламентарни избори во Октомври за да се врати мирот и стабилноста.

Поврзани новости